More

    Пензионерите од повеќе градови од земјава го почнаа најавениот протест во Скопје со барање за линеарно зголемување на пензиите и утврдување на минимална пензија не пониска од 20.000 денари

    spot_img

    Пензионерите од повеќе градови од земјава го почнаа најавениот протест во Скопје со барање за линеарно зголемување на пензиите и утврдување на минимална пензија не пониска од 20.000 денари.

    Тие прво протестира пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери каде што побараа оставка од раководството на Сојузот на здруженијата на пензионери, а потоа се упатија кон Министерството за труд и социјална политика каде што ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

    На патот до Министерството за труд тие го исвиркаа Собранието и Министерството за финансии и извикуваа „оставка“, „оставка“.

    Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови, а денеска е протестот во Скопје.

    Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите, но информираа дека веќе поднеле предлози за утврдување на минимална пензија.

    Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за 6%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img