На 13.08.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци. Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет.
Лицата биле задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.