Во полициската станица Гевгелија вчера во 16.30 часот било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат В.Д.(60) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.