More

    ВЕЧЕР НА ЖИВКО ЧИНГО

    spot_img

    Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

    – Големите писатели не вовлекуваат во својот бесконечен свет на мисли, каде што времето стои, а емотивните доживувања се воскреснуваат од секој ред. Страниците стануваат магични прозорци кон нови хоризонти, а зборовите највкусна храна за душата. Големите писатели носат убавини, ги оживуваат чувствата што тлеат длабоко во нас. Големите писатели создаваат историја и остануваат да живеат во вечноста. Овие метафорички описи се најреалната лика и одлика на еден од нашите најзначајни литературни дејци, нашиот голем и единствен Живко Чинго.

    Почитувани, навистина се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик, кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност.

    Неговите дела носат незаборавна емоционална интензивност стимулирајќи не на размислање за луѓето, идентитетот и општествените вредности. Тој не учи како да гледаме на светот околу нас од различни аспекти и да го цениме нашета богато наследство. Творештвото на Чинго е феноменално свидетелство на човековата креативност и има големо влијаниe на нашите вистини и верувања.

    Ние, како генерација треба да продолжиме да се восхитуваме на неговата книжевна моќ, да го чуваме неговиот спомен и соодветно да го вреднуваме. Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.

    Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“, а воедно упатувам и огромна благодарност до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.

    Верувам дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и дека ќе продолжиме да го негуваме и почитуваме делото на Живко Чинго оставајќи го како аманет на идните поколенија. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Божиновски во своето обраќање.

    Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.

    Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img