More

    Мицкоски одговори на провокациите од СДСМ, владејачката партија му контрираше

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јави со демант кон СДСМ, откако од владеачката партија побараа од опозицијата да се произјасни за настаните во Скопје и во Тетово, и промената на името на улицата на свеченост на која присуствуваше и премиерот на Косово, Албин Курти.

    „Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:

    Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ.

    На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот…

    ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на Министерството за финансии, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал).

    На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје

    Точка 105 од записникот.

    Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае“, стои во објавата на Мицкоски на социјалните мрежи.

    Од СДСМ веднаш одговорија дека по ден и пол молк, се јави Христијан Мицкоски ама не кажа ниту збор за настаните во Тетово и Скопје.

    „Нема ништо од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда. Со ова Мицкоски се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје. Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“, пишува во реакцијата од СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img