Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека рано утрово во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с. Проевце, Кумановско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.