Косовскиот премиер Албин Курти синоќа упати јасна порака до шефот на Македонија да остане што е можно поблиску до Косово, Албанија и до Бугарија, а што подалеку од Србија, јавува ТВ21.
Ова, како што рече Курти, е затоа што ваквиот пристап ќе ѝ обезбеди на Македонија најбрзо можно членство во Европската Унија и безбедност на Западен Балкан.
– Колку е поблиску Северна Македонија до Косово, Албанија и до Бугарија, и колку подалеку од Србија, која не се дистанцира ниту од Слободан Милошевиќ ниту од Владимир Путин, толку поблиску ќе биде до влезот во Европската Унија и ќе биде побезбеден регионот. И за ова мора да помогнеме и ќе ја поддржиме Северна Македонија – рече Курти.
Албанскиот премиер вчера пристигна во земјава и се сретна со лидерите на албанската опозиција, а вешто одбегна да се сретне со претставници на Владата.