Руското Министерство за дигитален развој им забрани на вработените да ги користат уредите на Apple iPhone и iPad за работа, објави во петокот новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го министерот Максут Шадаев.
„Воведена е забрана за користење на мобилни уреди на Apple – паметни телефони и таблети – за пристап до работни апликации и размена на деловни е-пошта“, изјави Шадеаев на новинарите на дигитална конференција, објави агенцијата.
„Дозволено е користење на iPhone за лични потреби“, додаде тој.
Министерството ја издаде забраната два месеци по тврдењата на главната руска безбедносна служба, ФСБ, дека неколку илјади уреди на Apple биле компромитирани како резултат на американска шпионска операција.
Apple ги отфрли обвинувањата.
Американската агенција за национална безбедност, за која ФСБ рече дека соработува со Apple, одби да ги коментира тврдењата во тоа време.