Пожарот на Хаваите однесе најмалку 55 животи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
An aerial image taken on August 10, 2023 shows destroyed homes and buildings burned to the ground in Lahaina in the aftermath of wildfires in western Maui, Hawaii. At least 36 people have died after a fast-moving wildfire turned Lahaina to ashes, officials said August 9, 2023 as visitors asked to leave the island of Maui found themselves stranded at the airport. The fires began burning early August 8, scorching thousands of acres and putting homes, businesses and 35,000 lives at risk on Maui, the Hawaii Emergency Management Agency said in a statement. (Photo by Patrick T. Fallon / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 55 луѓе загинаа во катастрофалниот шумски пожар на Мауи, соопштија локалните власти во петокот, а се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем бидејќи потрагата по исчезнатите продолжува.

„Додека пожарникарите продолжуваат да работат, денеска се потврдени уште две жртви во активниот пожар во Лахаина. Ова го зголемува бројот на загинати на 55“, рече округот Мауи.

Најмалку 20 лица се здобиле со тешки изгореници, а некои се во критична состојба.

Повеќе спасувачки тимови со кучиња трагачи беа испратени во Мауи од државата Калифорнија и Вашингтон.

Началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер, рече дека голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати, но тешко е да се каже точно колку, делумно поради телекомуникациските проблеми.

Околу 11.000 домаќинства се уште се без струја, пишува порталот poweroutage.us.

Официјални лица од округот Мауи процениле дека пожарот што ја зафатил поранешната кралска престолнина е локализиран околу 80 отсто.

„Изгоре до темел“, рече градоначалникот на Мауи Ричард Бисен за историскиот крајбрежен град Лахаина.

Гувернерот на Хаваите Џош Грин рече дека речиси сите згради ќе мора да се обноват, што ќе чини милијарди долари и ги повика хотелите да сместат илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата.

- Advertisement -
Ad image

Поставени се најмалку шест засолништа, а речиси 30.000 туристи се евакуирани, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на туристичките власти.

Share This Article