Стивен Спилберг е најпрофитабилниот режисер на сите времиња, чии филмови заработиле повеќе од 10 милијарди долари. Најпознат е по филмовите „Ајкула“, „Паркот Јура“, „Индијана Џонс“, „Шиндлеровата листа“, а зад себе има три Оскари – два за најдобра режија и еден за најдобар филм.
Спилберг го припишува својот успех на режисерите и филмовите кои го инспирираат секој ден.
„Моето филмско училиште е културно наследство на холивудската и светската филмографија, бидејќи никој не е подобар учител од Лубич, или Хичкок, или Куросава, или Форд, или Вилијам Вајлер, или Били Вајлдер или Кларенс Браун. И Вал Левтон. Мислам дека тие се мои учители“, рече еднаш Спилберг.
Порталот IndieWire направи листа на некои од омилените филмови на славниот режисер, кои тој ги спомнува во своите интервјуа низ годините, а во продолжение се некои од нив, пренесува index.hr.
1. Кум (1972)
2. Вселенска одисеја: 2001. (1968)
3. Седум самураи (1954)
4. Психо (1960)
5. Тоа е прекрасен живот (1946)
6. Лоренс од Арабија (1962)
7. Од Русија со љубов (1963)
8. Чувари на галаксијата (2014)
9. Трагачите (1956)
10. Годзила, крал на чудовиштата! (1956)