Пронајден е активистот од Пула, Алексеј Орел! Утрово, дехидриран и полусвесен во месноста Шишан го пронашла ХГСС и бил префрлен на итната медицинска помош во болницата во Пула.
„Тој е жив, дише, но му треба лекарска помош. Сè уште сме напнати“, изјави за Индекс извор близок до семејството.
Полицијата официјално потврди дека Орел е пронајден.
„Тој е пронајден во 8 часот и 18 минути во шумски предел на просторот на поранешната касарна Светица. Тој е пренесен во болница“, соопштија од ПУ на Истра.
Исчезна пред два дена, а вчера доцна попладне во потрагата се вклучи и ХГСС, заедно со полицијата и стотина сограѓани, кои во седум часот утринава продолжија да го чешлаат месноста Светица во Шишан.