Инфлуенсерката и раперка Лил Теј потврди дека е жива откако на нејзиниот официјален верифициран профил на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот брат Џејсон Тијан „неочекувано“ починале.
Оваа 14-годишната контроверзна онлајн ѕвезда – која се прослави на деветгодишна возраст откако објави серија вулгарни видеа – конечно проговори за да ги демантира гласините дека таа и нејзиниот брат починале, тврдејќи дека нејзиниот профил на Инстаграм бил „хакиран“.
„Сакам да разјаснам дека јас и брат ми сме безбедни и живи, но целосно сум со скршено срце и се борам да ги најдам вистинските зборови да ги изговорам“, изјавила Лил Теј вчера за американскиот портал ТМЗ, повеќе од 24 часа откако првпат се појави веста за нејзината наводна смрт.
„Тоа беа многу трауматични 24 часа. Вчера цел ден бев бомбардирана со бескрајни срцекршачки и плачливи телефонски повици додека се обидував да го средам овој хаос“, додала таа за локалните медиуми.
Да потсетиме, Лил Теј, која по потекло е од Канада, но се пресели во Лос Анџелес, стекна вирална слава на Јутјуб и социјалните мрежи откако почна да поставува видеа во 2017 година на деветгодишна возраст.
Нејзините контроверзни видеа покажаа дека таа пцуе, навредува луѓе, фрла пари, па дури и започнува тепачки.
Но, и покрај критиките, Лил Теј брзо собра повеќе од 3,3 милиони следбеници само на Инстаграм.