More

    Болничарката од Инфективна добила крвавење

    spot_img

    Колешката вработена на Клиниката за инфективни болести е во стабилна состојба и влегува во фазата во која се очекува појава на крвавење, таканаречена хеморагична фаза. Ноќеска првпат е забележано полесно вагинално крварење, но не е ништо масовно – се гледа само преку бришење со хартија. Сепак е сериозен знак кон кој ќе пристапиме, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести.

    Таа додаде дека денешниот конзилиум на колегите од Инфективна клиника е одлучено и проценето дека веќе денеска треба да почнеме со лекот „рибавирин“ кој е донесен во нашата држава и дека лекувањето е во тек со првата доза, вели Стевановиќ.

    Таа тврди дека лекот кој вчера пристигна во земјава, никаде го нема на залиха и дека не смета дека требало порано да го прими вработената на клиниката, која се зарази од пациентката која неодамна почина на Инфективна клиника од конго-кримска хеморагична треска.
    – „Рибавиринот“ е само еден сегмент од нејзиното лекување. Сериозно, континуирано давање на супституциска терапија, супортивна, симптоматска, е еден огромен дел од начинот и стратегијата на лекувањето на нашата пациентка. За жал, ниту искуствено, ниту напишано во медицинската литература и научни трудови преку кои ние ги искажуваме нашите клинички искуства, не е никаде посочено ниту преку процент изразено во колкав процент е преживувањето по третманот кај овие пациенти. Овој лек ние порано сме го имале и сме лекувале хроничен хепатит Ц, како составен дел на терапијата со интерферони. Го немаме повеќе затоа што третманот на хепатит Ц веќе е комплетно променет – истакна доктое Стевановиќ.

    Сите колеги кои беа под медицински надзор, тоа не е изолација, колегите епидемиолози континуирано ги следат до завршување на 14-от ден кој го предвидуваат како најдолг можен ризик, се наведува во соопштението која го испрати директорката на Инфективна клиника до медиумите.

    Стевановиќ тврди дека првата пациентка од Штипско била дијагностицирана и починала во неколку часа, односно, истакна таа, не можела да биде спасена и да го имало лекот на клиниката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img