More

    Пукање во кафуле во Косово: Убиен маж во Србица, уште тројца ранети

    spot_img

    По Приштина, а потоа и Клина, пукање во кафеана се случи и во општина Србица. Доцна синоќа маскирани лица раниле четири лица во кафуле, од кои едното починало.

    Косовската полиција извести дека по полноќ, по 01:20 часот дошло до пукање во кафуле во селото Рудник во општина Србица.

    Полициски единици и медицинска екипа излегле на терен, каде биле пронајдени неколку чаури, јавува КоСсев.

    Од полицијата велат дека од употреба на огнено оружје се повредени четири лица.

    Еден од нив – Н.Л.(39), починал на лице место, додека останатите се испратени на лекување.

    Телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина.

    Полицијата се сомнева дека две маскирани лица влегле во кафулето, испукале со пиштол и заминале во непознат правец.

    Тие посочија дека истражителите од регионалниот сектор работат на идентификација и апсење на осомничените, односно на расчистување на кривичното дело.

    Пред неколку дена сличен случај се случи во една приштинска кафеана, кога едно лице загина во престрелка, а речиси дваесет беа повредени – исто така од огнено оружје, односно од скршено стакло.

    Пред три дена во Клина се случи уште едно убиство, исто така во кафеана, по што осомничениот побегнал од местото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img