Спортистот е запаметен како лут ривал и љубовник

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
James Hunt (G) arrivé troisième au Grand Prix du Japon , fume une cigarette sur le podium, aux côtés de Mario Andretti vainqueur du Grand Prix , le 24 octobre 1976 à Suzuka. James Hunt a remporté le titre de champion du monde des conducteurs, devant Niki Lauda qui a abandonné au début de la course. (Photo by AFP)
- Advertisement -
Ad image

Тој беше дел од едно од најголемите ривалства во спортот и човекот кој успеа да ја подигне Формула 1 на ново ниво.

Живееше брз живот, па често се зборуваше дека оди по 300 на час на патеката, но и надвор од неа. Не се грижеше многу за последиците, важно му беше само да ужива во животот.

Џејмс Хант, познатиот Формула 1 возач, почина пред 30 години, но сè уште се раскажуваат бајки за него. „Џорџ Бест од Формула 1“ е веројатно најблиското објаснување за тоа како Хант го поминал својот живот.

Најлудата приказна од сите решил да ја сподели неговиот син Фреди, кој не ги истакнал возачките карактеристики на поранешниот светски шампион, туку оние на љубовникот.

„Во 1976 година татко ми имаше вистински секс маратон со 35 хостеси во хотелот Хилтон во Токио. Следниот ден требаше да се качат во авионот, но сите беа уништени“, тврди Фреди.

Филмот „Раш“ е снимен за Џејмс Хант и неговото ривалство со Ники Лауда, кое привлече големо внимание, а за него се уште се раскажуваат разни приказни.

Во 1976 година Хант ја освои и титулата светски шампион кога возеше за Мекларен, а во кариерата стигна до 10 победи на 92 трки.

Со Сузи Хант беше две години, а вториот пат реши да се ожени со Сара Ломакс, но во тој брак издржа само шест години.

Тој сакаше адреналин, а тркањето, како и бројните скандали, беа неговиот начин на живот. Починал на 15 јуни 1993 година како последица на срцев удар во сон.

- Advertisement -
Ad image

Колку беше одличен најдобро сведочат зборовите на Лауд.

„Бевме големи ривали, особено на крајот од сезоната 1976 година, но јас го почитував затоа што можеше да возиш покрај него 2 сантиметри, тркало до тркало, 300 километри на час или повеќе, и ништо нема да се случи“, рече Лауда.

Share This Article