Царинска управа: спречен обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканска Република откако мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23).

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

Share This Article