More

    Градоначалникот Костовски ѝ понуди на Петровска локација за споменик за убиените кај Карпалак

    spot_img

    Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ѝ понуди на министерката за одбрана Славјанка Петровска да се изгради споменик за убиените кај Карпалак на територијата на општина Бутел зашто Општина Желино сѐ уште не дала одобрение за изградба на овој споменик.

    „Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва.

    И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сѐ уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да отстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила. Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои. Слава им!“, се наведува во објавата на Костовски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img