Убавиците биле принудени да се соблекуваат голи и да се сликаат топлес

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шест финалистки на овогодинешниот избор за убавина Мис Универзум во Индонезија ги обвинија организаторите дека ги принудиле да се соблечат за да ги „проверат нивните тела“ и ги фотографирале топлес, пишува „Си-ен-ен“. Девојките поднеле пријава во полиција.

Нивната адвокатка Мелиса Анграини додала дека организаторите побарале од девојките да се соблечат за да ги „испитаат нивните лузни, целулит или тетоважи“. Таа тврди дека „проверки на телото“ не биле наведени во распоредот на настаните, а на крајот петте девојки се согласиле да се соблечат и да се фотографираат топлес.

„Тоа беше доволно за да ги понижи и деградира“, рекла Мелиса. Исто така, една од натпреварувачките тврди дека организаторите ја замолиле да позира со раширени нозе.

Девојките рекле дека фотографиите се направени додека во собата биле присутни машки вработени.

Наводните инциденти се случиле на 1 август, два дена пред големото финале во Џакарта, а до судот како доказ биле доставени документи и видеа.

„Мис Универзум многу сериозно ги сфаќа обвиненијата за сексуално злоставување и непримерност. Обезбедувањето безбедно место за жените е највисок приоритет на организацијата Мис Универзум и ние го истражуваме ова прашање“, изјавија организаторите на изборот за Мис Универзум за американските медиуми.

Организаторите на натпреварот во Индонезија не дадоа официјална изјава, но директорката Попи Капела рече дека нејзината организација „внимателно ја следи ситуацијата“ и дека ќе спроведе темелна истрага и ќе ги разгледа обвиненијата.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article