Претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на политички митинг во Еквадор. Напаѓачот отворил оган додека Виљависенсио влегувал во автомобилот и го застрелал три пати во глава.
Медиумите ја овбјавија неговата биографија која говори дека се борел против криминалот во својата земја.
Фернандо Алкибијадес Вилависенсио Валенсија е роден на 11 октомври 1963 година во градот Алауса. Студирал новинарство и комуникации, а во 1995 година ја основал партијата Пачакутик. Работел во компанијата „Петроеквадор“ во комуникацискиот сектор, а потоа и во синдикатот три години во текот на деведесетите. Со одлука на владата на Џамил Махуад бил отпуштен, а откако добил отпремнина, со својот брат отворил пицерија.
Пред неговата политичка кариера, во неговата биографија стои дека работел како истражувачки известувач и новинар, покривајќи случаи на насилство и корупција во Еквадор.
Имал големи проблеми поради неговата новинарска кариера, па го обвини тогашниот претседател Рафаел Кореа дека наредил вооружен бунт во болница во септември 2010 година. Кореа го тужеше за клевета и беше осуден на 18 месеци затвор. Се обидел да најде помош во Америка, но не успеал, па наместо да ја отслужи казната, побегнал во регионот на Амазон и се криел додека не му истечела казната.
Пред осум години, Вилависенсио и Синтија Витери објавија документи на Викиликс кои докажаа дека еквадорските власти го шпионираат Џулијан Асанж, како и новинари и политички противници.
Тој беше оженет со Вероника Сарауз и имаа пет деца. Тие се запознале додека Вилависенсио работел во Националното собрание на Еквадор. Тој беше член на тамошниот парламент од 2017 година до неговото распуштање во 2023 година.