More

    Почина музичарот Роби Робетсон, лидерот на „Д бенд“

    spot_img

    Почина гитаристот, текстописец и пејач Роби Робертсон, на 80-годишна возраст, објави „Вариети“.

    Робертсон починал во средата во Лос Анџелес, по долго боледување.

    „Роби во моментот на неговата смрт беше опкружен со семејството, вклучувајќи ја сопругата Џенет, поранешната сопруга Доминик, нејзиниот партнер Николас и децата Александра, Себастијан, Делфин и партнерот на Делфин Кени. Зад него останаа и внуците Анџелика, Донован, Доминик, Габриел и Серафина.

    Робертсон неодамна го заврши својот четиринаесетти филмско мизички проект „Убијци на цветната месечина“, напиша неговиот менаџер во соопштението.

    Роби Робертсон беше најпознат по неговата работа со музичката група „Д бенд“. Професионалната музичка кариера ја започна уште на многу рана возраст. Во текот на неговите рани години, тој работеше со Боб Дилан, а токму во тоа време го основа „Д бенд“ со некои колеги музичари. Нивниот деби студиски албум беше „Music From Big Pink“ кој доживеа успех.

    Во текот на неговото работење со бендот, Робертсон напиша неколку песни, како што се „The Weight“, „Up on Cripple Creek“ и „Broken Arrow“. По распадот на бендот, Робертсон ја започна својата соло кариера и се испроба во актерството. Неговата прва улога беше во драмскиот филм „Карни“. Беше и продуцент, коавтор и композитор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img