More

    Почина оскаровецот Сиксто Родригез, музичарот со необична судбина

    spot_img

    Сиксто Родригез, музичарот кој постигна глобална популарност по наградуваниот документарен филм „Во потрага по Шугармен“ од 2012 година, почина на 81-годишна возраст.

    Албумот „Студен факт“ на Сиксто Родригез, издаден во 1970 година, не постигна значителен успех кога беше објавен, но неочекувано стекна голема популарност во Јужна Африка, за што тогаш не беше свесен ниту самиот Родригез, пренесува N1 Загреб.

    Документарниот филм „Во потрага по Шугармен“ ја следи приказната на двајца обожаватели од Јужна Африка кои се обиделе да ја откријат вистината за судбината на Родригез – дали тој навистина умрел и, ако не, што му се случило. Филмот освои бројни престижни награди.

    По премиерата на документарецот, Родригез доживеа глобална популарност, а како резултат на тоа следеше турнеја низ Јужна Африка.

    Неговата турнеја низ Јужна Африка во 2013 година се распродаде за неколку минути, а тој настапи пред 40.000 фанови на девет концерти во Кејптаун и Јоханесбург, пишува News24.

    Неговата приказна за нереализирана слава се смета за една од најуникатните вистински приказни. Откако беше пронајден и претставен на своите фанови во Јужна Африка, Родригез доживеа неочекуван подем, надминувајќи ги пречките и оставајќи неизбришлива трага во светот на музиката.

    Поголемиот дел од животот го поминал во родниот Детроит, каде што работел во градежништвото и индустријата.

    Во Јужна Африка, Сиксто Родригез бил попопуларен и од Елвис Присли, а набрзо се проширила приказната дека нивниот идол извршил самоубиство и тоа на свој концерт, кога пред публиката извадил пиштол и си пукал во глава. Кружеле и гласини дека се полеал со бензин и се запалил на сцената. Во тоа време не можело да се дојде до информации од Америка, особено за таму речиси непознатиот музичар.

    Вториот дел од неговата кариера започнува во 1997 година кога група фанови одлучува да го истражи самоубиството на Родригез, и доаѓа до изненадувачки информации дека тој е жив, што доведе до неочекувано оживување на неговата кариера. Тие го донеле повторно во Јужна Африка, каде бил пречекан како херој и одржал 6 целосно распродадени концерти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img