Додека Бијонсе доминира со светската турнеја која долго време ја најавуваше, жените во последните неколку дена зборуваат за човекот кој ѝ го чува грбот.
Станува збор за телохранител кој на нејзините настапи привлече големо внимание, а ништо не правел – само стоел и набљудувал дали сè е во најдобар ред. Тој стана вирален кога на Твитер се појави видео од неговата реакција во текот на изведбата на песната „Energy“.
На снимката се гледа како Бијонсе во еден момент вели: „Look around/Everybody on mute“, додека телохранителот мистериозно се смее.
Токму тоа воодушеви бројни жени на кои не им требало долго за да го пронајдат на социјалните мрежи. Станува збор за професионален спортист и бодибилдер Џејмс Плаза.
Џејмс на својот профил на Инстаграм редовно објавува фотографии од своето извајано тело, а со оглед на тоа што преку ноќ добил четири пати повеќе следбеници, тој одлучил да го заклучи својот профил.
„Би сакал да се натпреварувам оваа година, но тоа што бев без работа поголемиот дел од годината значи дека оваа градба ќе мора да почека засега“, напишал тој на Инстаграм само неколку дена пред почетокот на турнејата на Бијонсе.
Сега, кога неговиот профил на Инстаграм „исплива“ во јавноста, многу негови фотографии кружат на социјалните мрежи. Според поединечни извори, Џејмс има 43 години.
ФОТО: Инстаграм