Полска ќе распореди 2.000 војници на границата со Белорусија, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Мачиј Вашик за државната новинска агенција ПАП,
Тоа е двојно повеќе од бројот што го бараше граничната полиција, за да ги спречи илегалните преминувања и да ја одржи стабилноста на земјата.
Полска ја засили безбедноста во пограничните области откако стотици платеници на руската група „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија минатиот месец.
Полското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето е „поради динамичната ситуација на полско-белоруската граница“ и по барање на самата гранична полиција.
Околу 2.000 војници во моментов се распореди на границата со Белорусија, помагајќи им на 5.000 граничари.
Вашик истакна дека постојано расте миграцискиот притисок на границата со Белорусија.