More

    УС Опен го зголеми наградниот фонд

    spot_img

    Организаторите на тенискиот грен слем УС Опен најавија дека годинава ќе имаат рекорден награден фонд.

    Вкупниот награден фонд за годинешниот УС Опен ќе изнесува нереални 65 милиони долари, најавија челниците на четвртиот тениски грен слем во сезоната. Тоа е за пет милиони долари повеќе од турнирот од минатата сезона.

    Победниците во машки и женски сингл ќе заработат по 3 милиони долари, што е за 15% повеќе од лани кога шампионите добија по 2,6 милиони долари.

    Добро ќе заработат и останатите учесници на американскиот грен слем. Верувале или не, за самото појавување во главната ждрепка, тенисерите добиваат по 81.500 долари.

    Шампионите во конкуренција на двојки ќе добијат по 700.000 долари по тим.

    За споредба, наградниот фонд на Австралија Опен и на Ролан Гарос беше 53, а на Вимблдон 56,5 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img