Во Доха, главниот град на домаќинот Катар, вечерва со жрепка е одреден составот на групите за Светското првенство во фудбал.
На Мундијалот во Катар ќе бидат одиграни вкупно 64 натпревари, а жрепката одлучи на отворањето, на 22 ноември, да играат домаќинот Катар и Еквадор.
Настап на Светското првенство спроти одредувањето на групите изборија 29 репрезентации, а последните три ќе бидат познати по завршните бараж натпревари.
Група А: Катар, Еквадор, Холандија, Сенегал.
Група Б: Англија, Иран, САД, (Шкотска/Украина/Велс)
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска.
Група Д: Франција, (ОАЕ, /Австралија/Перу), Данска, Тунис,
Група Е: Шпанија, (Костарика/Нов Зеланд), Германија, Јапонија.
Група Ф: Белгија, Канада, Хрватска, Мароко.
Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун.
Група Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја.
Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.