More

    Џејда Пинкет Смит со години страдаше од опаѓање на косата

    spot_img

    Џејда Пинкет Смит, сопруга на холивудската ѕвезда Вил Смит, со години ја бричеше главата поради алопеција, состојба поради која ѝ опаѓа косата. Сега Џејда на Инстаграм покажа дека ѝ пораснала косата.

    „Оваа коса овде се однесува како да се обидува да се врати. Сè уште имам неколку проблематични области, но – ќе видиме“, напиша Џејда на социјалната мрежа.

     

    Џејда за опаѓањето на косата првпат проговори пред пет години во една епизода од нејзиното ток шоу „Разговор на црвената маса“ (Red Table Talk).

    „Многумина прашуваа зошто носам турбани. Па, не сум зборувала за тоа. Не е лесно да се зборува за тоа. Еден ден бев под туш и имав грст коса во рацете и само помислив, ‘О Боже мој, дали наскоро ќе бидам ќелава?’ Буквално се тресев од страв“, рекла тогаш Џејда.

    Алопеција се развива кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата, што резултира со губење на косата. Може да дојде до ненадејно губење на косата на скалпот, а во некои случаи и на веѓите, трепките и лицето, како и на други делови од телото. Исто така, може да се развива бавно и да се повтори по неколку години.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img