Градоначалниците на Атина и Загреб, Костас Бакојанис и Томислав Томашевиќ, дадоа заедничка изјава во која „најостро го осудуваат“ убиството на навивачот (29) на АЕК Атина и испратија порака против насилството.
„Бруталното насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, нашите градови, во нашето општество. „Најостро го осудуваме ова страшно злосторство што доведе до губење на еден млад живот и тажна епизода на хулиганство, што ги загрози животите на невините граѓани и деца“, се вели во изјавата на двајцата градоначалници, пренесува Хина.
Тие изразија надеж дека сторителите што поскоро ќе бидат пронајдени и казнети, „како пример за никогаш повеќе да не бидат сведоци на вакви трагични настани“.
„Насилството нема националност. Неговата единствена татковина е омразата. Во овие моменти нема вистински зборови. Нашето искрено сочувство до семејството на жртвата. Атина и Загреб имаат пријателски односи на кои ние како градоначалници сме посветени на натамошно зајакнување и дека соработката нема да биде нарушена од насилството на поединци“, порачаа градоначалниците.
И градоначалникот на Загреб вчера испрати писмо до градоначалникот на Атина, во кое нагласи дека е „шокиран од настанот“ и дека во име на Загреб изразил „искрено сочувство до сите жители на Атина“, а потоа ја контактирал градоначалникот Бакојани од телефон.