Семејството од Јагодина кое исчезна на пат кон Грција и по кое се трага од вчера е добро, објавија српските медиуми.
Семејството е на Тасос, а информацијата ја соопштило едно од девојчињата на својата баба. Причина за тоа што не се јавувале од неделата било тоа што им пукнал екранот на телефонот на кој користат вибер, па не можеле да се јават.
„Девојчето рече дека се е во ред и дека немаат интернет, но бабата тоа не го слушнала од родителите. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации“, пишува на групата Грчка инфо.
Информацијата дека семејството е добро ја потврдил за „Блиц“ братот на жената.
– Така е, тие беа пронајдени, контактираа со мајка ми. Рекоа дека имале проблем со телефонот. Им благодариме на сите што помогнаа – изјави тој.
Да потсетиме, едно семејство од Јагодина во неделата вечерта на 6 август замина на одмор со двете ќерки. Последниот повик што го упатиле до своите најблиски бил во 22.30 часот во неделата, кога биле во близина на Прешево, а до денеска не се јавиле.