Навивачи на Динамо се приведени на Евзони

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватски навивачи кои учестувале во жестоката тепачка во Атина со фанови на АЕК и на Панатинаикос, денеска се обиделе да избегаат во Македонија. Едно комбе со седуммина навивачи е сопрено на Евзони, грчко-македонскиот премин.

Грчките медиуми известуваат дека комбе со седум хрватски државјани било застанато на Евзони. Во комбето биле пронајдени палки и ножеви, а тие веројатно сакале преку Македонија да се упатат кон својата држава.

Веднаш биле уапсени, а се очекува да бидат однесени на распит во Солун, со што ќе се зголеми официјалната бројка од 98 лица уапсени досега.

На неколку други премини исто така се приведени хрватски навивачи кои саакале да побегнат од Грција. Едно 19-годишно момче е фатено на преминот Какавија, од Грција кон Албанија.

Share This Article