Лидерот на Демократскиот сојуз вели дека Османи и Ковачевски една година ја лажеле целата јавност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Оставка на Владата и предвремени парламентарни избори, побара лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов откако вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, туку крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година.

„Цела година ги лажеа граѓаните, медиумите, парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите. Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година. Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата, туку Владата“, наведува Трајанов.

Тој вели дека Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати.

„После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата. Мој совет Ви е, поднесете оставка!“, порача Трајанов.

Share This Article