More

    Морган Пикард го обвини Бил Козби за силување

    spot_img

    Пејачката Морган Пикард го обвини актерот и комичар Бил Козби за сексуално злоставување.

    Таа поднела нова тужба во Њујорк, тврдејќи дека 86-годишниот актер ја дрогирал и силувал откако се запознале во 1987 година. Таа тврди дека Козби ја поканил на сетот на „Шоуто на Козби“ со образложение дека сака да и помогне во кариерата.

    Таа додала дека актерот постојано и носел пијалаци и инсистирал таа да пие. Пикард верува дека во пијалакот имало дрога, бидејќи, како што тврди, се онесвестила набргу откако ги испила. Во судските документи таа навела дека во една таква ситуација „се разбудила гола во хотелска соба со болки во вагината.“ Ова, како што вели, ја навело да поверува дека била силувана.

    За потсетување, во средината на јуни уште девет жени го обвинија Бил Козби за сексуален напад во тужба во која се тврди дека ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да ги виктимизира. Вкупно, повеќе од 60 жени го обвинија Козби за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвинувања за сексуални злосторства.

    Тој беше првата славна личност која беше осудена во ерата #MeToo и помина речиси три години во затвор во близина на Филаделфија, пред високиот суд да ја поништи неговата пресуда и да го ослободи во 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img