More

    Заразена е болничарка од Инфективна

    spot_img

    По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.

    Дел од медиумите објавија дека се работи за болничарка од Клиниката за инфективни болести, која имала контакт со пациентката од Штипско, која неодамна почина од хеморагична треска.

    Оттаму информираат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.

    „По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Северна Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје“, соопштија од Министерството.

    Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.

    „Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска.  Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“, велат од Министерството.

    Оттаму потенцираат дека здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година.

    Како што потенцираат во соопштение, должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.

    „Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img