Посвежо време со ниски утрински температури ќе се задржи и во наредните денови се до петок, а утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, соопштија од УХМР.
Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 16, а макисималната дневна температура ќе достигне до 31 степен.
За време на викендот се очекува затоплување и пораст на температурата до 36 степени.