„Не, обратно, народот, освен вас функционерите, сега може да купи, не речиси, туку сигурно – за една третина помалку производи“.
Ова е коментарот на Џевдет Хајредини на Фејсбук, на изјавата на Ковачевски дека „народот сега може да купи за речиси една третина повеќе производи“.
Хајредини го демантира тврдењето на СДСМ дека во изминатите 6 години значително ја подобрил куповната моќ на граѓаните, односно дека во периодот од мај 2017 година до мај 2023 година, благодарение на економските политики на СДСМ, реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за 30,2 отсто.
Џевдет Хајредини е познат како прв министер за финансии во независна Македонија.