Александра Пријовиќ, српска фолкерка, за медиумите проговори за пукањето и тепачката што се случила во ноќен клуб во Благај.
„Тоа се случи по мојот настап. Додека пеев се беше супер, додека не почна да врне. Во еден момент, микрофонот се исклучи, инструментите престанаа да работат, сè само се исклучи. Заминав, седнав во автомобилот и дури утрото дознав што се случило“, рекла таа, а пренесува Блиц.
Таа додаде дека не била во клубот во моментот кога се случило пукањето и тепачката.
„Додека се занимавам со овој бизнис, вакво нешто досега не се случило. Никогаш немаше никакви инциденти. Публиката која доаѓаше на моите настапи беше секогаш весела. Многу ми е жал што се случи ова. Фала му на Бога што не заврши трагично“, рече таа.
Да потсетиме, во ноќниот клуб во Благај ноќта од саботата кон неделата дошло до пукање и тепачка, едно лице е пренесено во болница, а двајца се уапсени.
„Во 01:50 часот во угостителски објект во Благај, дошло до поголемо нарушување на јавниот ред и мир и употреба на огнено оружје. Со брза интервенција на интервентната група на ПУ Мостар ситуацијата е ставена под контрола“, потврди портпаролот на МУП на ХНК, Људевит Мариќ.