Американската НФЛ ѕвезда Том Брејди и супермоделот Ирина Шајк отишле на романтична средба и вечера само неколку дена откако нивната романса беше разоткриена и претставена на светот, пренесува „Пејџ сикс“.
Гостин во ресторан рекол дека уживале во „приватна и затворена за јавноста“ вечера за двајца во „Суши Азаб“ во населбата Трибека во Њујорк.
„Јадев суши вечера и додека го завршував оброкот, влезе Том Бреди. Вработените веднаш го придружија спортистот во посебна, приватна соба. Неколку минути подоцна, додека бев надвор и разговарав со пријателите, ја видовме и Ирина како влегува во споменатата соба“, рече тој.
„Беа само тие двајца, во својот мал простор. Очигледно не сакаа да бидат со луѓе”, раскажува очевидецот, додавајќи дека за тајниот состанок, 46-годишниот Бреди бил “облечен многу лежерно во нешто како маица со кратки ракави, фармерки и патики“.
Шајк, сепак, пристигна во „многу поформално и поелегантно издание“. Вработените во луксузниот ресторан изјавиле за „Пејџ сикс“ дека не објавуваат информации за нивните гости, а претставниците на ѕвездите не одговориле веднаш на барањата за коментар.
Инаку, ѕвездата на американскиот фудбал и манекенката се најдоа на насловните страници на 24 јули откако ја поминаа ноќта кај Брејди во Лос Анџелес. Како што ексклузивно објави „Пејџ сикс“, неодамна разведениот татко на три деца, пристигнал пред нејзиниот хотел тој петок попладне, па се упатиле кон неговиот дом.
Тие потоа се возеле до куќата на Том во близина. Двојката не ја напуштила куќата до 9 часот и 30 минути следниот ден кога ја оставил во хотел. Брејди потоа се врати повторно во саботата попладне за да ја земе Шајк.
Инаку, ова е прва љубов на Бреди по разводот со манекенката Жизел Бундшен (43), а тој и Ирина наводно се запознале на свадбата на милијардерот Џозеф Нахмад (33) и манекенката Медисон Хедрик (29) на Сардинија.