На 06.08.2023 полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Рашче, скопско. Во 21.15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно – транзитен центар, а Б.А. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.