Во вторник силен ветер, од среда потопло

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Најтопло денеска беше во Гевгелија каде се измерени 34 степени, 32 во Велес, Демир Капија, Кавадарци, Петровец и Битола, додека во текот на денот најниска беше температурата на Попова Шапка и Лазарополе, каде се измерени 16 степени. Во Скопје температурата беше 29 степени.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните температури од среда ќе бидат во постепен пораст. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Share This Article