Полициско возило синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициско возило синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што носело дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

„Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот“, се наведува во соопштението на МВР.

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Share This Article