Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.

– Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон – вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според него, за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек.

Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“ главно во ноќните часови, а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници.

На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот, а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

Share This Article