Директорот на Царинската управа Стефан Богоев донел одлуки за кадровска реконструкција на клучни позиции во системот на раководење на управата, потврди за МИ2 без да ги коментира причини за кадровската реконструкција.
Направени се измени на раководната функција на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничните премини „Блаце“ и „Табановце“.
Стефан Богоев стана директор на Царинската управа пред извесно време. Пред него со оваа институција раководеше Славица Кутиров.