Почина актерот Марк Марголис на 83 години, пренесува „Холивуд репортер“.
Актерот починал дома по кратко боледување. Веста за странските медиуми ја потврди неговиот син Морган.
Марк Марголис е најпознат по неговите „злобни“ улоги, особено онаа на Хектор Тио Саламанка во серијата „Брејкинг бед“, за која беше номиниран за Еми во 2012 година. Се прослави и со улогата на Албертo во филмот „Скарфејс“. потоа Ајс Вентура во серијата „Оз“. Покрај тоа, тој глумеше во 50 театарски претстави на њујоршкиот Бродвеј. Повремено одржуваше и курсеви за млади актери.
„Тој беше единствен. Никогаш повеќе нема да видиме некој како него. Беше ценет клиент и доживотен пријател. Имав среќа што го познавав“, изјавил за странските медиуми долгогодишниот менаџер на актерот Роберт Колкер.
Покрај синот Морган, Марк зад себе ја остави и сопругата Жаклин.
ФОТО: Инстаграм