Силното невремето проследено со пороен дожд што денеска ја зафати Словенија, попладнево пристигна и во Хрватска. Во Истра и на северот на Јадранот, како и на западните и северните денови во внатрешноста на државата веќе паѓа обилен дожд и има силни грмотевици, а во текот на денот се очекува и силен ветар.
Обилните дождови во Загреб предизвикаа излевање на реката Сава.
Поради најавите за грмотевици, надлежните го вклучија портокаловиот аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвениот аларм е во сила за регионот Госпиќ и Риека поради обилни врнежи од дожд.
Според метереолошките прогнози, обилни врнежи се очекуваат од денеска до недела што може да донесе нагло покачување на водостоите и во помалите притоки на горните делови на реките Драва и Сава, каде што е можно да се воспостават и вонредни мерки за одбрана од поплави, а сите надлежни служби и тимовите за цивилна заштита се ставени во степен на висока подготвеност.