Илина Митревска е 21 годишна соло пејачка од Скопје. Студира на Конзерваториумот “Giuseppe Tartini” Во Трст, Италија, под менторство нa реноминираниот Италијански сопран – Паолета Марроку.
Нејзиното средно образование го завршува во музичкото училиште во Скопје, при одделот за соло пеење, во класата на Проф. Гонца Богоромова Краповски, воедно како дел од вокалната академија на проф. Ана и Игор Дурловски. Интензивно работи со првенецот на Македонската Опера и Балет, тенорот, проф. Ѓорѓи Цуцковски како и првенката Проф. Славица Петровска Галич. Во 2020та, ги почнува студиите со белканто мајсторот – Лорензо Регацо.
Во нејзиното досегашно учење се стекнува со голем број настапи: Солистички настап со Македонската Филхармонија, Солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов. Учествуваво фестивали како Скопско Лето, Звуците на Чаршијата.
Спроведува рецитали и настапи низ Трст, Скопје, а после настапот во 2022та Во Рим, е редовно поканета на Фестивалот “Concerti del Tempietto”
Во 2023та е избрана да ја толкува улогата на Дидо од операта “Дидо и Енеа” на Хенри Парсел, во театарот Џузепе Верди во Муџа.
Има учествувано и освоено награди на повеќе меѓународни натпревари во Италија, Македонија, Белград, Бугарија, како Балканската Романсијада, Натпреварот “Лазар Јованович”, “Полихимнија”
“Neapolitan Masters”, “Art-In”, “Città di Belluno” “London Classical Competition”, Итн.
Учествува на мастер-курсеви учејќи од имиња како: Николас Ишервуд, Алесандро Валентини, Милан Сиљанов, Благој Нацоски.
Камерната Музика ја усовршува под менторство на диригентот, Проф. Ромоло Џеси.
Сценската уметност ја развива со Режисер, Проф. Росалба Тревизан, но пред се ја стекнува од нејзината мајка, актерка – Проф. Валентина Божиновска.