More

    Бектеши ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека претставници на Владата биле вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и „ЕВН“

    spot_img

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека претставници на Владата биле вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и „ЕВН“.

    – Најверојатно некои опозициски партии кои пренесуваат лажни вести кон граѓаните и кои прават споредби со одредени села и региони во државата, отвараат теми за кои тие треба да дадат одговори, а уште нема одговори од општините раководени од нивни кадри во делот на злоупотреба на Законот за енергетика, изјави Бектеши.

    Бектеши додаде дека Владата се залага за тоа да се намалат загубите на електричната енергија и за тоа  обврските да бидат подмирени од страна на сите граѓани за услугите што ги добиваат, но и дека ако треба ќе им излезат во пресрет на жителите на Слупчане и на другите населени места.

    – Конкретни информации за тоа што е договорено меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, како Министерство немаме. Но, би ги замолил политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија, туку да ја нагласaт потребата за намалување на загубите на електрична енергија бидејќи тоа е во интерес на државата – рече Бектеши.

    Бектеши застана во одбрана на слупчанци кои, како што вели, се поголеми патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот истакна дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нетрпливост и нееднаквост не поминуваат и ја „префрли топката“ кај опозициската партија да провери како се плаќа струјата во општините раководени од нивни кадри.

    – Намерата за да се оцрнат Слупчанци, преку споделување на лажни вести со цел да се добијат политички поени на национална карта, се демантираат и во минатото и во сегашноста. Секој жител на село Слупчане е повеќекратно поголем патриот од ВМРО-ДПМНЕ, со поголем придонес за еднаквоста и иднината на државата. Пред да ги оцрнат другите нека објаснат пред граѓаните за начинот како плаќат електрична енергија општините и ЈКП раководени од нивните кадри, загуби коишто се многу поголеми од загубите на ниво на државата за електрична енергија – вели министерот за економија.

    Вели дека завршило времето кога некој од институција или политичка партија може да интервенира бидејќи, како што посочува, во оваа држава има закони.

    – Затоа ние не интервенираме за да се решаваат вакви проблеми. Ние можеме само да придонесеме во решавање на проблемите, а не да интервенираме да се реши проблемот во некоја насока или пак на начин како што бара едната страна. Тоа време заврши. Ние сме да се почитуваат целосно законите во државата, да не справиме поделби и да ја тераме проблематиката во насока на етнички или регионални поделби бидејќи тие жители се чесни домаќини и како секој граѓанин живеат во оваа држава и ги преземаат и обврските и даваат придонес – рече Бектеши.

    Претходно, на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата и министерот за економија да одговорат што е договорено на средбата во Слупчане и дали Владата е гарант за жителите од ова село.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img