Во лизгање на земјиштето во одморалиште во планините на Џорџија загинаа седум лица, а 35 се водат како исчезнати, објавија медиумите во петокот.
Одронот се случи во четвртокот во областа Шови, 150 километри северозападно од главниот град Тбилиси. Оваа област со викендички и мали хотели е популарна по изворите на минерална вода и живописните планини.
Премиерот Иракли Гарибашвили денеска ја посети таа област.
Официјални лица рекоа дека лизгањето на земјиштето очигледно било предизвикано од силен дожд и неодамнешната ерозија на почвата во областа.