Центарот за јавно здравје Охрид, предводен од ВД директорот Сашо Точков, по втор пат сака да ја уништат туристичката сезона во Охрид. На стартот на туристичката сезона Сашо Точков објави извештај кој содржеше наводна загаденост на езерските води од Свети Наум па се до Радожда со исклучок на три локации и тоа Хотел „Инекс“ Хотел „Метропол“ и Хотел „Гранит“? Зошто од цела обала само овие три хотелски комплекси имале чиста езерска вода ,а се лоцирани во исти езерски базен, за тоа треба да подразмисли министерот за здравство и антикорупциската комисија (блискоста со сопствениците чиј хотели биле полупразни)..,.
Новиот гаф на Сашо Точков во име на Ј.З.У. ЦЈЗ Охрид и препораката да граѓаните и туристите ги затворат прозорците во раните утрински и доцните вечерни часови, поради чадот од депонијата „Буково“ која патем е одалечена 15 километри од Охрид, а до некој хотелски капацитети и до 50 километри, постанува уште еден атак врз туристичката сезона во Охрид. Доколку има опасност по здравјето на граѓаните, Точков наместо да дава препораки преку Фејсбук статуси, истиот бил должен да го запознае министерот за здравство и владата на РСМ, како и да побара веднаш да се преземат соодветни мерки за гасење на депонијата „Буково“…
На ваков начин со глупави соопштенија, насочени против целиот град Охрид, во време кога е шпицот на туристичката сезона, Точков де факто и де јуре, од позицијата која ја има, ја уништува туристичката гранка од која егзистенција имаат над 20.000 семејства…
Во прилог фејсбук статусот на ЦЈЗ Охрид :