More

    Невремето од Словенија, Хрватска и од Србија утре ќе удри и по нас!

    spot_img

    Прво Словенија, потоа Хрватска, Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора и соседна Србија, а потоа и Македонија утре попладне и навечер, ќе бидат зафатена од студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.

    – Од ова невреме во поголем дел од Македонија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

    Тој додава дека од недела ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат,  дури за околу 10 степени, а во северните предели локално и за повеќе од 10 степени. Во Алпскиот регион, како што и претходно најави, можно е да се очекуваат и врнежи од снег.

    – Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме. Повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме, кое би можело да направи многу штети. Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и од лизгање на земјиштето – предупредува Попоски.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт, в сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

    Како што најавуваат од УХМР, на одредени места ќе има невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

    Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

    Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат повнимателни и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img