More

    Фатална грешка: Испила два литра вода за кратко време и починала

    spot_img

    Мајка на две деца во Индијана почина откако испила речиси два литра вода за само 20 минути.

    Ешли Самерс (35) почина од труење со вода набргу откако го помина денот на езерото Фримен во текот на продолжениот викенд на 4 јули.

    Последниот ден од патувањето почувствувала вртоглавица и главоболка, симптоми на дехидрација, но ниту една количина на вода не можела да ја задоволи нејзината жед. Испила речиси два литра вода.

    Кога Самерс се вратила дома, паднала во својата гаража и било откриено дека има оток на мозокот. Таа повеќе не се освести. Во болницата, лекарите и дијагностицирале труење со вода, наречена и хипонатремија, која се развива како резултат на премногу вода во телото и премалку натриум.

    Кога Девон Милер, братот на Ешли, слушнал за состојбата на неговата сестра, бил во неверување. „Тоа беше голем шок за сите нас. Мислев дека не може да биде реално“, рече тој.

    Милер додаде: „Се чувствуваше како ништо да не може да ја задоволи нејзината жед. Кога излегоа од плажата, беше околу 20 минути возење со брод, таа испи четири шишиња вода за тие 20 минути“.

    Семејството Самерс го посети езерото Фримен, популарна летна дестинација. Семејството таму одмарало од сабота, 1 јули до вторник, 4 јули. Самерс во вторникот наутро изјавила дека се чувствува дехидрирано и дека не може да пие доволно вода за да ја задоволи жедта, пишува Дејли Мејл, пренесува Дневник.хр.

    Во вторникот вечерта, Милер доби вознемирувачки повик за Ешли. Таа паднала во својата гаража и била пренесена во болницата за здравство Арнет на Универзитетот во Индијана.

    Самерс никогаш не се освести, а лекарите и дијагностицираа труење со вода или хипонатремија. Состојбата настанува кога некој ќе испие прекумерна количина на вода за краток временски период, што ја совладува способноста на органите на телото, пред се на бубрезите, да го регулираат балансот на течности.

    Крајната цел е да се постигне рамнотежа помеѓу водата и електролитите како натриум, калиум и хлорид, што обезбедува правилна функција на клетките.

    Натриумот е особено важен за одржување на комуникацијата помеѓу клетките преку електрични импулси и помага во апсорпцијата на хранливите материи во дигестивниот систем и бубрезите, со што се прилагодува количината на вода и електролити кои се реапсорбираат во крвотокот или се излачуваат во урината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img