More

    Словенија синоќа беше зафтена од обилни врнежи кои предизвикаат поплави во делови од земјата

    spot_img

    Словенија синоќа беше зафтена од обилни врнежи кои предизвикаат поплави во делови од земјата. Дел од патиштата се затворени, а некои места се отсечени поради лавини. Во текот на ноќта се евакуирани три кампа, а надојдените води носеа се пред себе. Засега нема информации за повредени.

    Според податоците на словенечката управа за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани повеќе од 1000 несреќи, а на помош пристигнале пожарникари од 168 противпожарни служби.

    „Пожарникарите во текот на ноќта претежно црпеа вода од поплавените објекти, заштитија неколку одрони, отстрануваа отпад од под мостовите и спасувале потопени возила од поплавените коловози“, соопшти Управата за заштита и спасување на Република Словенија.

    Словенечката агенција за животна средина поради продолжените врнежи кои ќе предизвикаат натамошно издигнување и излевање на потоците издаде црвено предупредување за североисточна, северозападна и централна Словенија, кое важи до денеска на полноќ.

    Во текот на денот се очекува поголемо излевање на реките.

    Многу патишта се затворени поради последиците од невремето, поплавите, наноси од песок и кал и одрони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img